Астрономи тврдат дека ја откриле четвртата планета надвор од нашиот Сончев систем на која има потенцијални услови за живот, јавува „Макфакс“.

Утврдено е дека температурите на оваа планета се благопријатни за постоење на вода и живот. Новооткриената планета се наоѓа на околу 22 светлосни години од Земјата, пренесува агенцијата Франс прес.

Тим научници ги анализирал податоците од Европската јужна опсерваторија за ѕвездата позната како ГЈ 667Ц. Таа емитира помалку топлина од нашето Сонце, но околу неа постојат најмалку три планети. Едната од нив се наоѓа доволно близу, за да прима количество светлина и енергија слично како Земјата.

Најверојатно температурата на неа е слична на земната и е возможно да има вода.

OhridNews
извор: „Макфакс“