Во пустините на Израел постои билка која може сама да се залева. Оваа билка има специјални складишта кои спроведуваат вода до нејзините корени. Тоа е единствената позната билка во светот која може сама да се наводнува.


Оваа можност и овозможува и во најекстремни услови собере и до 16 пати повеќе вода од останатите билки. Тим на научници од Универзитетот во Хаифа прв пат ја забележал билката кога ја проучувале вегетацијата во планинската пустина. Таа се издвојувала од останатите билки по необично големите лисја.