Еден тим ботаничари објавил студија за неодамна откриена месојадна билка од Филипините. Најголемата месојадна билка може да се пофали дека јаде дури и стаорци. Ботаничарите предводени од Британски експерти трагале по билката на филипинската планина Викторија. Како што било очекувано набрзо ја пронашле и и дале име по познатиот истражувач Сер Дејвид Атенборо.


Двомесечната експедиција била извршена пред две години, а резултатите биле објавени неодамна во еден британски часопис каде се набројани сите месојадни билки. Билката произведува спектакуларни стапици кои не само што ловат инсекти туку и глодачи. Вистинско чудо е што не била откриена до 21-от век.