На 27 април во спроведена акција од страна на шумочуварската служба од Подружница Галичица од Охрид, во Шумско стопанската единица Врбјанска шума, оддел 19, запленета е поголема количина дабово огревно дрво, информираат денес од ЈП Национални шуми.

Запленетата количина на дабовото огревно дрво е транспортирана до складот на подружница Галичица. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат.

OhridNews

фото. ЈП Национални шуми