аучниците прв пат откриле атмосфера околу земјовидната егзопланета ГЈ 1132б која е 1,4 пати поголема од Земјата а оддалечена е од нас 39 светлосни години, пренесува „Макфакс“.

Опсервациите направени со моќни телескопи говорат дека „супер Земјата“ или земјиниот близнак како што нагалено ја нарекуваат оваа егзопланета откриена во 2015-та година, е обвиткана со дебел слој од гасови кои се или вода или метан или нивна одредена смеса. Во студијата објавена во списанието „Астрономикал Џурнал “се вели дека откривањето на атмосферата е важен чекор напред во потрагата по живот надвор од границите на Сончевиот систем.

Сепак, малку е веројатно дека на оваа егзопланета постои можност за живот со оглед дека на нејзината површина температурата достигнува 370 Целзиусови степени.

Д-р Џон Саутворт еден од најпознатите научници на денешницата, вели дека највисоката температура на Земјата при која е можно да се преживее изнесува 120 Целзиусови степени а тоа е неспоредливо помалку од температурата на егзопланетата.

OhridNews