Јапонските научници откриле вид гонореја кој е отпорен на сите препорачани антибиотици и предупредија дека тоа може од бактериската инфекција која некогаш лесно се лечеше да направи глобална здравствена закана.

Новиот сој на оваа сексуално пренослива болест наречен H014 не реагира на ниеден од препорачаните лекови за гонорејата, од што лекарите немаа друга можност освен да се обидат со лекови коишто досега не се тестирани.

Магнус Унемо од референтната лабораторија за патогени бактерии во Шведска, кој го откри овој вид заедно со неговите колеги од Јапонија во примероци од градот Кјото, го опишува како „загрижувачки“, но според него и „очекуван“.

„Откако антибиотиците станаа стандардно средство за лекување на гонорејата во 1940-те години, оваа бактерија покажа восхитувачка способност за развивање механизам на отпорност на сите лекови кои се воведени за да се стави под контрола“, вели Унемо.

Гонорејата или попознат меѓу народот како трипер, е сексуално пренослива болест која е предизвикана од бактеријата neisseria gonorrhea. Доколку не се лекува предизвикува воспаление на карлицата, вонматерична бременост и неплодност. Таа е една од најчестите сексуално преносливи болести, за во светски рамки годишно се регистрираат 700 илјади случаи.

OhridNews
извор: „Макфакс“