Пријавениот, разбојништвото го сторил на ден 14.07.2010 година, пред куќата на брачна двојка од Струга- сопственици на менувачница. Околу 23 часот, Е.Е. се сокрил во куќниот двор и со капа на главата, ја чекал брачната двојка, по работното време да се врати дома.
Тој го искористил моментот кога сопственикот на менувачницата го паркирал своето возило во гаража од кое претходно излегла неговата сопруга. Веднаш ја нападнал, ја турнал на земја, обидувајки се да и ја одземе ташната во која имало околу 3.5оо.ооо денари во повеќе валути и апоени.
Нападнатата, во обид да се одбрани, викајки на висок глас, го оттурнала напаѓачот. Тој со тргање, успеал да ја одземе ташната со парите по што почнал да бега. Сопругот слушајќи го врисокот на неговата жена, почнал да трча кон напаѓачот, го фатил за маицата, но не успеал да го совлада.
Притворениот Е.Е. е познат сторител на тешки кривични дела, кој оперирал во повеќе градови во Републиката. Неодамна тој, во Скопје, извршил две кривични дела „Тешка кражба„.