Колумбија ги пронајде остатоците на шпанска галија која потонала близу брегот на Картагена и за која се смета дека е натоварена со смарагди, златници и сребрени монети, изјави претседателот Хуан Мануел Сантос во петокот. Галијата Сан Хозе потона во 1708 година во Карипското Море близу пристанишниот град Картагена. Била дел од флотата на кралот Филип Петти додека се борел со Англичаните во војната за шпанското наследство.

 

Владините тврдења во петокот на ги расветлија правните несогласувања бидејќи Армада, компанија за спасување и претрага на море со база во САД, води долгогодишен спор против Богота за сопственоста на потонатиот брод. Компанијата Армада во 1981 година објави дека го откри местото на кое потона галијата. Армада и власта беа партнери и се сложија во склад со меѓународните обичаи да ги поделат приходите. Но, владата подоцна рече дека богатството и припаѓа на Колумбија. Американскиот суд во 2011 година ја прогласи галијата за колумбиска сопственост.