Оригинален потпис на Крале Марко открил археологот и професор Николај Овчаров, во катедралната црква Св. Софија во Охрид, пренесува бугарската агенција “Фокус“.

Откритието било обелоденето вчера на прес-конференција на која Овчаров ја претстави својата нова книга „Археолошки патувања низ Македонија”.

Како што пишува “Фокус“ во Св. Софија бил пронајден  и оригинален потпис на последниот христијански владетел на српското царство Стефан Урош Петти. Исто така биле откриени  и документи во кои се опишуваат активностите на архиепископите од 14 век.

Еминентни  македонски експерти со кои стапивме од контакт се воздржаа од коментар бидејќи за наводното откритие засега информации имале само од медиумите, но ни изјавија дека слични откритија од тој период има во повеќе охридски цркви.

Ohridnews