Досега неидентификуваниот вид на цицач кој го носи името “Olinguito” бил откриен во планинските шуми на Еквадор и Колумбија.


“Olinguito” претежно се храни со овошје и тежи околу 1 килограм, а неговата должина изнесува 36 сантиметри со исто толкава опашка. Научниците откиле дека претежно се движи навечер скокајќи од дрво на дрво.


Интересен е фактот што зоолошка градина во Вашингтон неколку години чувала животно од овој вид кој го помешале со сестринскиот вид цицачи наречени “Olingo”.