Најновото научно откритие е мајмун со испакнат нос кој изгледа како да мора стално да кива поради положбата на носот, но очигледно тоа е најмалиот проблем за нив. Овој вид мајмуни е загрозен бидејќи локалните жители ги убиваат и го продаваат нивното месо. Експертите кои ги испитуваат известиле дека мајмуните имаат дебели усни, превртен нос и голем проблем во дишењето.


Имено дождот кој паѓа во нивниот нос предизвикува кивање, па мајмуните дождливите денови ги минуваат со главата меѓу колената. Овој вид  мајмуни може да се сретне во Кина, Бурма и Виетнам. Исто така се одликуваат со праменеста бела брада и долга опашка.