Зеландија е новиот континент кој го открија научниците со помош на сателитите кои орбитрираат околу Земјата. Овој континент е споен со Нов Зеланд и во најголем дел се наоѓа под вода. 

Вкупната површина на континентот е колку Индија, а 94 се наоѓа под вода. Се претпоставува дека Зеландија се одвоила од Антарктикот пред 100 милиони години, а потоа и од Австралија пред околу 80 милиони години.

Зеландија и досега и беше позната на науката која сметаше дека се работи за збир на одвоени острови и фрагменти. Благодарение на напредната технологија и сателитските мерења дојде до ново толкување според кое Зеландија е нов, осми континент по Европа, Азија, Африка, Северна Америка, Јужна Америка, Австралија и Антартикот.