Германските научници во лабараторија во Келн откриле нова допинг-супстанција која се уште не е на пописот на светската анти-допинг агенција (WADA).

Супстанцијата наречена S107 е произведена во САД, а првобитно била наменета за лекување на срцева аритмија, за потоа да биде модифицирана и тестирана врз спортисти.


S107, според направените испитувања, може да ја подобри издржливоста на организмот за време на тешки физички напори.

Германските научници го потврдија методот за откривање на S107, а сите документи ќе и бидат испратени на WADA.