Научниците откриле нервно коло во мозокот кое ни овозможува да предвидиме кога некое лице ќе не излаже. Имено, луѓето имаат можност да претстават за што другото лице размислува, и да добие знак кога нешто не е во ред. При испитувањето на учесниците им бил скениран мозокот, при постапката во која на поставено прашање им биле понудени еден точен и еден неточен одговор. При тоа, им било сугерирано за кој одговор требало да се одлучат.


Во оној момент кога било кој од учесниците се сомневал дека одговорот кој му се сугерира е неточен, нивото на активност во делот на мозокот каде се наоѓал нервот драстично се зголемувало. Се додека испитаникот мислел дека одговорот е точен, нивото на активност останувало исто. Ова открите според зборовите на експертите е многу важно, бидејќи покажува дека луѓето можат да предвидат многу повеќе од она што до сега се мислело.