Група американски истражувачи успеала да го пронајде најдолгиот прост број кој се состои од 17 милиони цифри. Прости броеви се сите природни броеви деливи без остаток само со бројот еден и самите со себе, а поголеми од бројот еден, како 3, 5, 7, 11… Кертис Купер и неговиот тим истражувачи од универзитетот во Мисури успеале да дојдат до број кој содржел 17.425.170 цифри, што на хартија претставува повеќе од 4000 испишани страници со формат А4.

До овој резултат дошле со помош на техника за проучување на простите бореви. Им биле потребни 40 дена со користење на 360 илјади процесори, да би дошле до новиот рекорд. Овие истражувања овозможуваат изработка на практични апликации посебно во криптографијата. Покрај науката, биле мотивирани и од наградата од 3000 долари која била доделена за ваквото откритие.