НАСА прв пат во историјата успеала да сними фотографии на кои се гледа дека на Меркур, планетата која е најблизу до Сонцето, има вода, односно мраз. Звучи неверојатно дека има мраз на планетата на која температурата е 430 степени секој ден (еден ден на Меркур трае колку и 58 степени на Земјата), но постојат и делови на Меркур кои се во „вечна сенка“, односно до нив никогаш не допира сончевата светлина. Научниците уште од средината на 90-тите години од минатиот век се сомневаат дека на Меркур има вода, но сега тоа конечно успеале и да го докажат.
Проучиле бројни кратери кои се наоѓаат околу Меркуровиот Северен пол, вклучувајќу го и најголемиот меѓу нив, кој го нарекле Прокофјев, и кој во длабочина и ширина достигнува 105 километри. Откриле дека наслагите од мраз настанале релативно неодамна. Доколку водата на Меркур со некои процеси настанала релативно неодамна, тоа би значело дека дошло до некои нови процеси во соларниот систем, а тоа би можело да има значајни импликации и на Месечината за која исто така се верува дека содржи делови кои се под мраз и во вечна Сончева сенка.