Во Кападодија, Турција, откриен е подземен град стар 5000 години. Кападокија, која се наоѓа во регионот Анталија, инаку е подрачје познато по археолошките наоѓалишта. Но, огромниот град, кој се наоѓа во подножјето на висините во близина на градот Кајсери, ги надминал досега сите откриени ареолошки богатства во Турција. Хасан Енвер, градоначалникот, рекол дека сите останати подземни градови се “нула“ во однос на големината на новооткриениот.
Градот е откриен за време на градежни работи кои се одвивале во припремите за изградба на стамбени населби. Никој не знаел за тој град, а под земјата се наоѓале седум километри тунели. Агенцијата за изградба досега потрошила огромни пари на развој на проектот за стамбените населби, но велат дека не им е жал бидејќи дошле до историско откритие. Во подземниот град досега се откриени 44 објекти.