Според едно здравствено истражување утврдено е дека Налтрексон, лек кој инаку се користи во лечење на алкохолизмот и други зависности, може да се користи во лечење на зависност од коцкање.
Според истражувањето на група научници од универзитетот во Минесота, објавено во списание за клиничка психијатрија, околу 40% од патолошките коцкари кои земале Налтрексон можеле да апстинираат најмалку еден месец.
Во истражувањето учествувале испитаници од 14 до 59 години кои би можеле да се наречат „патолошки коцкари“ бидејќи во таа активност поминувале 6 до 32 часа неделно.
По 18 месеци примена на Налтрексон утврдено е дека испитаниците немале некои посериозни пореметувања, и дека тој лек е сигурен за примена во период од 4 до 5 месеци и помага во контролирање на симптомот на „патолошко коцкање“.