Два професори во Антверпен направиле необичен тест во градската библиотека и ги тестирале десетте најчитани книги на вируси и бактерии. Меѓу тестираните книги се нашол и еротксиот бестеселер „50 нијанси сиво“ во кој биле пронајдени траги од херпес. Професорите не објавиле кои други книги ги тестирале, но во преостантите девет пронашле трагови од кокаин. Тестото го спровеле како би покажале колку и со што книгите се „заразени“ по долготрајните позајмувања.

Напоменале дека нема опасност читателите на „50 нијанси сиво“ да добијат херпес доколку би ја читале книгата во библиотеката, бидејќи нивото на пронајдените трагови не било толкаво да може некој да се зарази, но секако е бизарно тао што херпесот се „нелапил“ токму на оваа книга. Но, со кокаинот и останатите книги ситуацијата е малку поинаква. На читателите не може ништо да им се случи, но по читањето би можеле да бидат позитивни на таа дрога.