Иако 44-годишниот Жерард Батлер го бие глас како фраер кој често ги менува своите девојки, изгледа дека една сепак успеала да го заинтересира на подолго време. Славниот шкотски актер веќе некое време е во врска со темнокоса убавица, па папраците ги снимиле на одмор на Хаваите каде заедно сурфале, а заедно биле и на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес.
Медиумите сега пишуваат дека конечно знаеме која е мистериозната девојка. Станува збор за дизајнерката на ентериер Морган Браун. Инаку, Морган е талентирана деловна жена која има своја компанија за уредување домови. Својата кариера ја започнала така што ја купила својата прва куќа во дваесеттите години, ја уредила и ја продала, па така ја пронашла својата страст кон декорот. И нејзината мајка Кармен е позната на американската јавност бидејќи извесен период била во врска со актерот Питер О’Тул.