Првиот генетски код на свинскиот грип кај луѓето заразени во Европа е откриен од страна на Британските истражувачи. Тоа сега ќе им овозможи на научниците да го споредат вирусот во Европа со оној што напаѓа во Мексико и САД.
Тимот од националниот институт за биолошки стандард и контрола од Велика Британија сторил мошне важна работа и успеал да го открие полниот генетски код кај вирусот кој ги заразил Европејците. Тие сега своите резултати ќе ги поделат со научниците од целиот свет.