Иако до неодамна бил сосема обичен земјоделец од едно кинеско село, Луо Јуанпинг станал многу популарен благодарение на неговата неверојатна сличност со рускиот премиер Владимир Путин.
Луо, кој имал 48 години, во неговото родно село мештаните веќе некое време го нарекувале по новиот прекар кој гласел „Брат Путин“. Тој сеуште бил сам и живеел со својот постар брат. Работел на фарма и се надевал дека наскоро ќе запознае жена со која ќе основа семејство.