Астрономите откриле многу ладна и бледа ѕвезда, со големина на Земјата. Стара е 11 милијарди години и е толку ладна што нејзиниот јаглерод кристализирал и се претворил во дијамант. Ѕвездата припаѓа на класата бело џуџе и многу лесно би можела да биде една од најладните досега откриени, пренесуваат порталите. Астрономите пресметале дека нејзината просечна температура е само 2700 степени целзиусови.
Само за споредба, температурата на нашето Сонце изнесува околу 5500 степени целзиусови, а температурата на неговото јадро е околу 15 милиони степени. Споменатото бело џуџе се наоѓа на околу 900 светслосни години далеку од нашата планета.