Научниците нашле килибар во кој е сочуван 99 милиони години стар дел од опашка од пердувест диносаурус, се наведува во студијата објавена оваа седмица во американското списание Current Biology, пренесува „Макфакс“.
Лида Ксинг од Кинескиот универзитет за геонауки, една од главните автори на студијата, минатата година наишла на фосилот од оваа пердувесто животно на пазар на килибар во Мианмар. Тоа откритие ќе овозможи нов увид во изумрените пердувести животни, како и во еволуцијата на самите пердуви.
„Ова е нов извор на информација кој е вреден за интензивно истражување и заштита на таквите фосилни ресурси“, смета Риан Меккелар, еден од научниците кој учествувал во изработката на студијата.
Научниците се сигурни дека во килибарот/јантарот се наоѓа дел од диносаурус, а не праисториска птица, истакнува Меккелар, бидејќи „опашката е дога и флексибилна“.
„Зачувана е опашка која се состои од осум пршлени од младенче. Пршлените се окружени со пердуви, кои се сочувани во тридимензионални микроскопски детали“, додава овој научник од канадскиот Музеј Саскатчеван.
Иако целата опашка прекриена со пердуви, не е веројатно дека тој диносаурус можел да лета, тврди палеонтологот. Тие веројатно на животното му служеле во ритуалните парења или како термичка регулација.
Ова не е првпат во килибар да се сочувани пердуви од периодот на диносаурусите, но новината се состои во тоа што научниците сега можеле со сигурноста да утврдат дека тие му припаѓаат на диносаурусот.
Истражувачите пронајдената опашка ја анализирале со ЦТ скенирање и микроскоп. Заклучиле дека пердувите на врвот се темнокафени, со бледа или бела долна страна. Тенкиот слој околу коските содржи траги од железо од хемоглобинот сочуван во примерокот.
Во познатиот филм „Паркот Јура“ научниците успеваат да клонираат диносауруси од ДНК пронајдена во килобар. Оваа фосилизиран смола од дрвјата често се користи како накит, но Меккелар ја истакнува нејзината важност за палеонтолошките истражувања.
„Парче килибар содржи мали увиди во древните екосистеми, но чуваат и микроскопски детали, тридимензионални системи и чувствителни ткива кој е тешко да се проучуваат во други околности“, заклучува канадскиот научник.
OhridNews
извор: „Макфакс“