Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер се изјасни дека ќе остане уште една сезона во Перт Глори, пред да ја започне својата тренерска кариера во Англија. Фаулер кој денес полни 36 години, минатата сезона за Перт Глори одигра 28 натпревари во австралиската А-лига постигнувајќи 9 голови.
За овој клуб минатата сезона играа тројца македонци, напаѓачот Миле Стерјовски, одбранбениот играч Наум Секуловски и голманот Алекс Вртески.
Со завршувањето на сезоната 2010/2011, Секуловски (28 години) и Вртески (22) заедно со уште други 5-6 играчи на Перт Глори добија отказ со образложение дека тимот ќе ги реконструира своите редови.
В.Б.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com