Од локалната самоуправа информираат дека поради ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20-ти декември 2018 до 20-ти јануари 2019 година.

– И покрај тоа што програмата беше потврдена и артистите беа букирани, донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година. Сепак, за најмладите, кои се нашата иднина и кои се најрадосни за празниците, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе настапат најмладите со своја програма, велат од локалната самоуправа.

OhridNews