Во рамки на мерките кои ги презема државата за ублажување на последиците во стопанството предизвикани со кризата поради коронавирусот, туристичките агенции ќе добиваат ваучери за да може да ги обесштетат клиентите чии патувања се откажани поради коронавирусот. Обесштетувањето ќе биде во висина на уплатата што им пропаднала. Ваучерите, граѓаните, ќе може да ги искористат за друго патување, најави на денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
- Ваучерите ќе важат за кое било патување, заклучно до јануари 2021. Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира во согласност со двете страни. Министерот додаде дека обврската на агенцијата да им ги врати парите во целост на клиентите, останува и во случај ако агенцијата прекине со вршење на дејноста. За агенциите кои нема да ги следат упатствата на владата ќе следат санкции.
Министерот за економија нагласи дека, со цел да му се помогне, ќе бидат прифатени голем број од барањата на туристичкиот сектор.
OhridNews