Организациските проблеми на фестивалот Охридско лето продолжуваат. По откажувањето на концертот на Елена Мисиркова, кој беше заменет со настап на други уметници, како и неодржувањето на премиерата на претставата „Троил и Кресида“, откажани се уште два проекти.

Дирекцијата на фестивалот соопшти дека драмата „Среќни денови“ во режија на Роберт Вилсон и концертниот проект на Каролина Гочева „Македонско девојче“, предвидени за денеска, се откажани и нема да се одржат поради технички проблеми.

Така оваа вечер на фестивалот Охридско лето нема програма.

Ohridnews