Поради многубројните обиди за политизација и партизација на општинските признанија со името на Патронот и девалвирањето на самото празнување, како и најавеното неприсуствување на советниците од СДСМ и коалиционите партнери во Советот, претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, ја откажа свечената седница закажана за 8-ми декември во 12 часот.

Во рамките на свеченоста, по закажаната свецена седница требаше да се изврши врачувањето на Наградата и Повелбите „Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид“.   

Незадоволен од работата на Комисијата и константните настојувања за политизација на духот на признателност, по донесувањето на надгласаната одлука за доделување на Наградата и Повелбите, доктор Томислав Тунтев на претседателот на Советот му поднесе неотповиклива оставка на функцијата претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации доделување награди и признанија.

Извор:ohrid.gov.mk