Свадбата од соништата на Саманта и Роберт Мунт од Британија се претворила во ноќна мора. Скоро сите нивни гости од самиот почеток на церемонијата се жалеле на проблеми со стомакот. На болки во желудникот и мачнина се пожалиле 28 од 31 гостин. Фотографот никако не успеал да ги собере сите гости и да ги слика, па младенците одлучиле да ја одложат свадбата за 24 часа.
Младенците, венчавката од 40.000 евра ја планирале повеќе месеци, а требало да се одржи на отворено во сончевата Турција. Поголем број од гостите завршиле во болница, а докторите се сомневале на салмонела.
„Првите денови откако стигнавме во Турција сите беа здрави и весели. Никој не очекуваше дека може да се случи вакво нешто. Нашите пријатели беа толку болни што им беше потребно болничко лекување, а некои лекари беа толку непрофесионални што не сакаа да не лечат додека не им плативме“ – вели Саманта.