Охрид нема среќа со контролите. По откажувањето на пријателсктата средба со Караорман, поради лошите временски прилики одложен е и мечот со Напредок, кој требаше да се одигра денеска. Наместо натпревар “рибарите“ ќе одржат редовен тренинг.


Охрид има договорени средби со Металург кој од вчера е во Охрид како и Ренова, која наредната недела треба да пристигне покрај охридското крајбрежје. За останатите термини “белите“ ќе мора да побараат нови противници.

М.П.