Формула 1 објави дека трката за Големата награда на Австралија нема да се одржи во 2021 година.

Трката во Мелбурн беше закажана за 19-21 ноември. Причините за ваквата одлука се ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус.

Ф1 истакна дека остануваат на намерата да одржат 23 трки оваа сезона. Во следните недели, серијата ќе обезбеди дополнителни информации за тоа која Гран при ќе го заземе ослободениот викенд во натпреварувачкиот календар. 

OhridNews