Охрид нема да игра пријателски натпревар викендов со струшки Караорман. Откажана е контролата па така првиот спаринг партнер на охриѓани ќе биде Напредок од Кичево.

 

Натпреварот според предвиденото ќе се игра на „Билјанини извори“ во вторник. Покрај овај меч со Напредок, Охрид во план е да одигра уште седум – осум натпревари со екипи кои ќе се подготуваат во Охрид.

Продолжението на шампионатот е на 27 февруари.

М.П.