Концертот на американскиот пејач Рагнбон Мен, кој беше закажан за 11 мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“, е откажан поради технички причини, соопшти организаторот продукцијата „Авалон“, пренесува Нова Македонија. Тие потврдија дека концертот е откажан од страна на менаџментот на пејачот. Освен скопскиот, откажани се и настапите во Белград, Загреб, Софија, Солун и Истанбул, кои требаше да се одржат во овој дел од годината.

Продукцијата „Авалон“ ги известува сите оние што имаат купено карти за концертот, ќе можат да направат поврат на средствата онаму каде што ги имаат набавено.

Рагнбон Мен, чие вистинско име е Рори Грем, минатата година го објави својот албум првенец насловен „Human“, кој уште во првата недела се продаде во над 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби-албум од музички изведувач на деценијата. Истоимениот хит-сингл, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ-листи во повеќе од 30 земји во светот.

OhridNews
Извор: Нова Македонија