Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи годинава како последица од кризата на светско ниво предизвикана од пандемијата на вирусот ковид -19. Исто така откажана е 10-километарската трка од светската серија во рамките од ФИНА програмта.

Пливачка Федерација на Северна Македонија (ПФСМ) како активен член вo Светска Пливачка Федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) нема да се одржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска здравствена организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика. – се вели во соопштението од ПФСМ.

Од ПФСМ, ги соопштија точните датуми за двата пливачки настани следната година. Традиоционалниот пливачки маратон на 25 километри во Охрид ќе се одржи на 21 август додека 10-километарската трка од светска серија е закажана за 28 август.

На „големиот маратон“ минатата година триумфираа францускиот пливач Аксел Рејмонд и Италијанката Аличе Франко, додека на трката од светската серија први низ целта поминаа Рускиот пливач Кирил Амбросимов и Бразилката Марсела Чуна.

Охридскиот пливачки маратон од 1992 година до 2019 се одржуваше секоја година, а годинава вирусот спречи продолжување на традицијата.

OhridNews