Шведската авиокомпанија САС била принудена во вторникот ноќта да го откаже летот на линија Стокхолм – Чикаго поради еден глушец кој бил во авионот. Портпаролот на компанијата Андерс Линдстрем изјавил дека патниците не се качиле во авионот од безбедносно причини. Иако поставиле многу стапици за глувци, глушецот успеал да ги избегне, па летот бил откажан.
Линдстрем изјавил како се надеваат дека набрзо ќе го пронајдат и уловат. Додал дека сите 250 патници имале разбирање за ситуацијата. Објаснал дека глушецот освен што можел да ги вознемири патниците, можел и да ги прегризе каблите, што претставувало потенцијална опасност. По фаќањето на глушецот, авионот ќе биде подлегнат на технички преглед.