Романската авиокомпанија „Таром“ била приморана да откаже лет од Лондон, бидејќи пилотот, најверојатно, бил пијан. Официјалните лица на аеродромот Хитроу пред неколку дена му забраниле на авионот „Ербас 318“ да полета за Букурешт. Од авиокомпанијата било соопштено дека го откажале летот бидејќи еден од членовите на екипажот не бил во физичка состојба да ја изврши својата задача, што било утврдено за време на рутинската контрола.
Во соопштението било наведено дека пилотот бил вратен во Романија и дека бил суспендиран се додека не се заврши истрагата. Доколку резултатите покажат дека тој конзумирал алкохол, ќе му биде одземена лиценцата, навела компанијата „Таром“.