Полцијата во Индонезија го забранила концертот на поп ѕвездата Лејди Гага во Џакарта, од страв дека нејзината облека и танцување би можеле да ја загрозат исламската вредност и да ја „расипат“ младината. Портпаролот на полицијата Бој Рафли Амар рекол дека дозволата за концертот закажан за 3 јуни била одбиена, по препорака на полицијата на Џакарта.

Локалниот промотер Мајкл Расли претходно рекол дека забраната на концертот би била жалосна, бидејќи обожавателите со нетрпение ја чекале омилената пејачка. Неговите тврдења можат да се поткрепат со фактот дека биле продадени влезниците за сите места на стадионот кој прима 52 илјади лица. Екстремистите гласно ја критикувале Лејди Гага, а некои дури и се заканиле со физичка сила како би ја спречиле да излезе од авионот.