Поради затнување на канализационата мрежа откажаа пумпите во стариот дел на градот кај месноста Јно, поради што веќе два дена во водите на Охридското Езеро во близина на некогашната библиотека се влеваат фекалии.



Откажаа пумпите во стар град
Од Проаква го потврдија случајот и информираат дека интензивно работат на решавање на проблемот. Според надлежните во Проаква причина за дефектот поради кој фекалиите се излеваат во езерото е несовесниот однос на граѓаните кои во канализацијата фрлаат се и сешто поради што се затнуваат шахтите.

Проблеми има и со пумпата која ја подигнува фекалната вода во канализационата мрежа од населбата Канео која од истите причини е во дефект.

ohridnews