Машината за метење на улици неодамна остана во дефект на ул. „Дејан Војвода“. Граѓаните од улицата реагираат дека од хаварисаното возило се излеало масло и очекуват јавното коминално претпријатие во чија сопственост е машината да ја санира состојбата.


Од „Комуналец“ не информираа дека расипаното возило веќе е отстрането од улицата и дека вечерва со цистерна ќе биде исчистено местото каде се излеало масло од машината за метење.

Ohridnews