Поранешниот аргентински репрезентативец Габриел Хајнце доби отказ на позицијата тренер на фудбалскиот клуб Атланта Јунајтед во американската МЛС лига, поради строгите правила и „луди“ методи.
Хајнце им забранувал да пијат вода на тренинзите пред почетокот на сезоната. Поради високите температури тоа е опасно, па неколкупати морале да интервенираат и докторите. Информациите се дека тој им ги скратувал и слободните денови на своите фудбалери.
Истиот извор јавува дека Здружението на фудбалери упатило жалба до МЛС лигата поради условите за работа во Атланта Јунајтед.
Играчите беа потполно ментално и физички исцрпени. Тоа беше вистинска тортура, – рекол неименуван извор од клубот.
OhridNews