Еден работник во фабрика во САД добил отказ поради тоа што одбил да носи стикер со бројот 666, од страв да не биде осуден на вечно проклетство. Поради тоа Били Хајат ја тужел компанијата во која бил вработен, а во тужбата навел дека во 2009 година бил казнет откако одбил да го носи стикерот во кој пишувало дека во фабриката не се случил никаков инцидент 666 дена.

Во Библијата тој број е симбол на сатаната и со него се опишува апокалипсата. Хајат во тужбата навел дека како Христијанин му рекол на менаџерот дека со носењето на тој стикер би ги прекршил сопствените уверувања, на што менаџерот му рекол дека неговите уверувања се смешни. Неколку дена подоцна бил суспендиран, за недолго после тоа да добие отказ. Бо фабриката „Бери Пластикс“ никој не сакал да го коментира тој настан.