Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Голем број на интервенции за отстранување на паднати бандери, дрвја, кровови имале и пожарникарите од Битола и Штип.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, велат од ЦУК.

Н.С.Ј.