Поради здравствените проблеми кои ги имал пензионираниот банкар Џеф Спајс морал да се откаже од пушењето. Се одлучил на радикален чекор, односно ќе замине на пуст остров во Шкотска каде ќе помине еден месец без цигари. Единствено друштво на островот ќе му бидат стадата овци.


Вели дека пробал се’ но не успеал да се откаже од цигарите. На островот ќе понесе гитара и ќе се обиде да научи да свири. Исто така ќе понесе и книги и лаптоп. Најважно од се му е да нема ни теоретски шанси да дојде до цигари.