Сите го гледале и му се чуделе и бил вистинска атракција на Јадранското приморје. Австриецот дошол со воено возило на одмор влечејќи зад себе камп приколка. Полицијата потврдила дека нема ништо спорно во законот на Хрватска и дека такво возило може слободно да се движи по улиците.


Инаку, ова возило е произведено од една австриска компанија за потребите на австриската војска. Станува збор за коцкесто возило со погон на сите тркала кој овозможува одлични теренски карактеристики. Било развиено во педесеттите години а многу воени и цивилни служби биле задоволни од него. Покрај австриската, го набавиле и користеле и многу други армии по целиот свет.