Еден човек сакал да гледа порно филм во интернет кафе, а кога во него ја здогледал својата сопруга во неверување се срушил на подот од изненадување. Кога дошол при себе отишол во својата куќа како би се соочил со сопругата која на почетокот ги негирала неговите обвиненија, и барала да и го покаже филмот. Но, не можела долго да го лаже и му ја признала целата вистина, дека го изневерила со човекот со кој била пред бракот и дека никогаш не го сакала, иако имале четири деца.

Човекот изјавил дека пронашол 11 филмови на својата сопруга во интимни односи со нејзиниот љубовник. Тоа му било прв пат да оди да гледа порнографски филм. Кога и ги покажал филмовите признала дека е вљубена во нејзиниот љубовник и додала дека љубовникот бил млад како неа а сопругот стар. Не било споменато дали човекот ќе побара развод на бракот.