Група американци одлучиле да ги претекнат правилата на агенцијата за сигурност на патниците и на аеродром се појавиле во долна облека. Младата патничка Корин ги изненадила безбедносните служби на аеродромот во Лос Анџелес појавувајќи се само во црн капут и бикини. Рекла дека не сака да поминува на скенер на кој вработените гледаат апсолутно се, па поради тоа облекла бикини за да можат одма да видат што ги интересира.
Слична идеја делел и ја спровел и Џими во Солт Лејк Сити. Студентот на Ју Тјуб ставил видео на кое останал само по гаќи за капење откако на аеродромот потполно го соголиле. Спремен го дочекал соблекувањето и на грбот имал напишано порака алудирајќи на реалните шоуа во кои камерите ги снимаат натпреварувачите по 24 часа на ден.