Британката Лиса Витчолс од Ромфорд побрзала во болница мислејќи дека и пукнал чирот на желудникот, а четири часа подоцна имала здраво машко дете. Родила со царски рез, бидејќи лекарите откриле неправилно работење на срцето на бебето.


Таа изјавила дека на почетокот не верувала дека тоа е нејзино дете. Лекарите и рекле дека никогаш повеќе нема да има дете бидејќи имала само еден јајник. Иако на почетокот се надевала дека погрешиле во врска со констатацијата, сепак подоцна се помирила.