Канаѓанка, која отишла во болница поради камен во бубрегот, родила здраво машко дете.

„Необичен камен во бубрег“ – се насмеала Јуанита Стеад.

„Се уште сме во шок, не можеме да поверуваме“ – додала 36-годишната жена, која рекла дека во ниту еден момент не и паднало на памет дека е трудна, ниту дека имало симптоми кои би упатувале на тоа.


Вистината ја дознала после ултразвучниот преглед.

„Лекарот ме погледна и ми рече: Мила моја, Вие сте бремена а бебето се подготвува да излезе. Јас на тоа му одговорив: Ја згрешивте жената или гледате во друг монитор, невозможно е да сум бремена“ – раскажува Стеад.

Лекарот, секако не гледал во погрешен монитор, а Јуанита на свет донела син и му дала име Николас.