Македонскиот претставник во Лигата на Шампиони, Вардар се засили со уште еден ракометар во бековската линија. „Црвено црните“ го ангажираа хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ.
Јотиќ е познато име за македонската јавност бидејќи минатата сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер. После завршување на сезоната Јотиќ обезбеди трансфер во Бенфика, но клубот се соочи со финансиски проблеми и мораше да се ослоби од Хрватот. Шансата веднаш ја искорсти Вардар и го доведе во своите редови.
Најверојатно, Јотиќ ќе биде последното ново име во составот на Вардар во овој летен преоден рок.
„Вардарци“ подготовките за новата сезона ќе ги започнат на 18 јули, а не се знае како ќе се одвиваат поради пандемијата на коронавирусот.
OhridNews